Украинската армија соопшти дека започнала контраофанзива против руските војници кои окупираа делови од јужниот украински регион Херсон, пренесува ДПА.
Шефот на руската локална цивилно-воена управа, Владимир Леонтиев, објави дека бројот на загинати во украинското гранатирање на Новаја Каховка во областа Херсон, при обидот за повторно заземање на оваа област, се искачи на седум, а речиси 60 лица се повредени.
Руски функционер изјави дека многу луѓе сѐ уште се под урнатините, и дека повредените се превезуваат во болници, но дека многу луѓе сѐ уште се „заробени во своите станови и куќи“.
Тој за новинарите изјави дека во градот дошло до делумен прекин на струја и дека гасот бил исклучен по синоќешното украинско гранатирање, но дека имало вода.
Леонтиев изјави и дека во гранатирањето биле уништени или оштетени стотици куќи и десетици инфраструктурни објекти, како и голема фабрика која некогаш произведувала опрема за хидроцентрали ширум светот.
Украинската армија ја нападна Нова Каховка во понеделникот вечерта, а покрај оштетувањата на зградите, имаше и експлозија во магацини за ѓубрива, јави ТАС С.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.