Претседателот на Русија Владимир Путин дал предлог да се отпочне со изработка на крипторубља, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на чиновници од Москва.
Путин е сигурен дека државна криптовалута може да помогне да се ослободат од американските санкции. Приптовалутите ќе овозможат да се изведуваат финансиски операции во рубљи и во исто време да се избегнат санкциите кои ги ограничуваат можностите да се привлекуваат инвестиции, се наведува во соопштението.
Меѓутоа, во списанието се наведува дека појавата на крипторубљата е долгорочна цел.
Путин по состанокот со еден од основачите на проектот Етереум Виталик Бутерин, поставилз адача на Владата да изгради база за регулирање на пазарот на дигиталните валути и блокчејни.
Потоа, советникот на рускиот претседател за економски прашања, Сергеј Глазјев предложил да се направи крипторубљата.
– Можеме да сметаме на нашите контраагенти по целиот свет, не обрнуваат внимание на санцкиите, рекол на неодамнешната седница на Владата.