Русија ќе ја информира Америка за ракетни тестови

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва ќе продолжи да ја информира Америка за тестови на интерконтинентални или подводни балистички ракети и покрај суспензијата на единствениот преостанат нуклеарен договор меѓу двете земји, пренесе Интерфакс.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија минатиот месец ја суспендираше програмата Нова СТАРТ потпишана во 2010 година, со која се ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави на двете страни. Како одговор, САД во вторникот објавија дека ќе престанат да споделуваат нуклеарни податоци со Москва, според Ројтерс.

Рјабков рече дека, и покрај суспензијата, Русија се обврзала да се држи до ограничувањето на нуклеарните боеви глави и исто така ќе продолжи да го спроведува договорот од 1988 година за споделување информации за ракетни тестови. Минатиот месец, американски официјален претставник рече дека руската суспензија на програмата Нов СТАРТ е показател дека Русија „не е одговорна нуклеарна сила“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барак и Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис

Путин одговори дека Западот е директно вклучен во нападите врз базите на руските стратешки бомбардери длабоко во руската територија и додаде дека барањата на НАТО Русија да дозволи инспекции на нуклеарните бази според новиот договор СТАРТ затоа се „апсурдни“, пренесува Танјуг.