РУСИЈА: Како изгледа кога на шалтер услуга ќе ве услужи робот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Перм, Русија, службеник во матичната служба работи робот на шалтерот.

Loading...

Хуманоидниот робот може да издаде документи на шалтер, како што се сертификати за непостоење на криминално досие и неупотреба на наркотици, кои се користат во Русија при изведување на одредени административни процедури.

ИДНИНАТА ПРИСТИГНА И ЗА НИВ: Куче-робот носи овци на пасиште (ВИДЕО)

Хуманоид, со долга руса коса и кафеави очи, ги служи клиентите во Перм, град на 1.100 километри источно од Москва.

Засега, тоа помага само во издавање сертификати кои сведочат дека луѓето имаат чисти криминални досиеја и немаат евиденција за употреба на дрога, документи што се потребни во Русија за да завршат разни правни трансакции.

Роботот е дизајниран да „изгледа како просечна Русинка“, соопшти компанијата која стои зад проектот „Промом“.

Неговите карактеристики на лицето биле генерирани од вештачка интелигенција заснована врз анализа на изгледот на неколку илјади жени, пренесува Ројтерс.

СВЕТОТ ВО 2050: Роботи со емоции, чипувани деца, летување на Арктикот

Loading...

Роботот, кој носи униформа на матичната служба, бела кошула и кафеав елек, може да направи повеќе од 600 човечки изрази на лицето со движење на очите, веѓите и усните и другите механички мускули покриени со вештачка кожа, изјави „Промом“.

Роботот исто така може да постави и да одговори на некои општи прашања и е поврзан со скенер и печатач.

Исто така, има пристап до база на податоци со документи и целосно го заменува работникот во регистарската канцеларија, рече првиот човек на матичната служба, Леонид Громов.

ЧУДО ОД ТЕХНОЛОГИЈА: Запознајте го роботот гимнастичар (ВИДЕО)

 

Leave a Reply