Русија ја повика Америка да престане да ја вооружува Украина

Сподели со своите пријатели

Американските власти треба да престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев, бидејќи тоа придонесува за зголемување на бројот на жртвите, се наведува во соопштението на руската амбасада во САД.

Loading...

Соопштението на руската амбасада всушност е реакција на изјавите на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Бони Џенкинс во врска со заканата од неексплодирани убојни средства кои наводно ги оставиле руските вооружени сили на територијата на Украина, пренесува ТАС С.

 

Франција ќе протера 35 руски дипломати

 

„Ваквите обвинувања изгледаат апсурдни на позадината на сегашното американско снабдување на режимот во Киев со смртоносно оружје. Оружјето доставено од САД на режимот во Киев вклучува рачни противвоздушни ракетни системи MANPADS и рачни противтенковски ракетни фрлачи АТГМ, кои украинските вооружени сили и националните баталјони ги оставаат зад себе во големи количини“, рече руската амбасада.

Загрижувачка е одлуката на украинските власти да дистрибуираат американско оружје на радикалите и поранешните криминалци кои им се приклучиле на силите на територијалната одбрана.

 

Loading...

Лавров: Забележително поголем реализам во ставовите на Киев

 

„Го повикуваме Вашингтон да престане да пумпа смртоносно оружје во Украина. Соединетите Американски Држави се тие што предизвикуваат зголемување на бројот на жртвите“, се заклучува во соопштението на руската амбасада во Вашингтон, пренесува Танјуг.