Русија ja истражува снимката на која наводно биле мачени руски војници

Сподели со своите пријатели

Кремљ во понеделникот соопшти дека руските истражители ќе прегледаат видео кое кружи на социјалните мрежи на кое наводно се гледа како украинските сили ги злоупотребуваат руските војници.

Loading...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека видеото, за кое рече дека содржи „монструозни сцени“, мора да биде правно оценето и оние кои се вклучени во тортурата мора да одговараат.

 

Зеленски издаде наредба за враќање на војниците од мировните мисии

 

Ројтерс не успеа независно да ја потврди автентичноста на снимката цитирана од Кремљ.

Претходно, украинската армија соопшти дека нејзините сили ги почитуваат меѓународните норми и ја обвини Русија, иако не достави докази, дека произведува такви снимки со цел да ги дискредитира украинските војници.

Поради фактот дека снимката е крајно вознемирувачка, истата нема да ја пренесеме.

Loading...