Русија го уништи најголемиот авион на светот во напад на украинскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Авионот Антонов Ан-225, најголемиот во светот, беше уништен во руски напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев.

Loading...

Веста ја потврди украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Името на леталото било Мрија што на украински значи „сон“.

Кулеба на Твитер објави: „Русија можеби го уништи нашиот „Сон“, но никогаш нема да го уништи нашиот сон за силна, слободна и демократска европска држава.

Авионот Антонов е дизајниран и изграден кон крајот на Советскиот Сојуз, а е направен за транспорт на вселенски шатлови, јавува Би-Би-Си.