Русија го суспендираше учеството во Договорот за нуклеарното оружје

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија го суспендирала учеството во Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ).

Loading...

Рускиот претседател ова го изјави во говорот пред двата дома на рускиот парламент.

Путин рече дека на почетокот на годината имало соопштение од НАТО во кое се повикува Русија да се врати на договорот за стратешко оружје.

„Побараа и контрола на нашите нуклеарни постројки. Не знам како да го наречам ова освен целосна глупост“, рече Путин.

„Тие не ни дозволуваат да ги проверуваме објектите и ги отфрлаат нашите напори за проценка на целните објекти. Нивната цел е стратешки да нѐ поразат и сакаат да влезат во нашите воени објекти“, рече Путин.

Тој рече дека на овој начин НАТО се обидел да стане дел од договорот за стратешка контрола на вооружувањето.

„Нуклеарниот арсенал не е само во САД, туку и во Британија и Франција, и тие се насочени против нас, против Русија. Последните изјави на нивните лидери само го потврдуваат тоа. Ние немаме право да не го земеме предвид ова. Првиот договор за ограничување на стратешкото оружје беше потпишан во 1991 година. Тоа беше поинаква ситуација, заснована на взаемна доверба, а нашите односи оттогаш отидоа на такво ниво што САД и Русија објавија дека меѓусебно не се сметаат за непријатели. Оттогаш се се смени, САД излегоа од тој договор, нашите односи се влошија и ова беше иницијатива на САД, тие сакаа да се преиспита Втората светска војна и затоа почнаа да го уништуваат светскиот поредок, чекор по чекор почнаа да ја уништуваат светската безбедност и контролата на оружјето и започнаа бројни војни низ светот, а тоа го направија за да ги уништат врските создадени по Втората светска војна. По распадот на СССР постојано се обидуваат да воспостават доминација. Ситуацијата е променета од 1945 година, има нови центи влијание, тоа не може да се игнорира. Неприфатливо е Америка да ја реконструира заради себе, а сега земјите од НАТО ни даваат ултиматум, на кој Русија треба да му се покорува“, рече Путин.

На крајот спомена еден од условите за враќање на разговорите за СТАРТ.

Loading...

„Пред да започнеме со разговорите, треба да разбереме како да гледаме на нуклеарниот арсенал на Франција и Обединетото Кралство“, рече тој.

Договорот за намалување на стратешкото оружје, првпат потпишан во 1991 година, го ограничи бројот на интерконтинентални балистички ракети во САД и Русија.

Путин ги нарекува „целосно апсурдни“ барањата на Западот за инспекција на нуклеарни постројки под руска контрола.

Тој рече дека САД и НАТО директно изјавуваат дека целта им е стратешки пораз на Русија.