Русија го прифати барањето за разговор Блинкен-Лавров

Сподели со своите пријатели

Русија го прифати американското барање за разговори меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Loading...

Тој рече дека Вашингтон сѐ уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови, објави Ројтерс.

Блинкен рече дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан – кои се затворени во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Како што објави Си-Ен-Ен, по неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понудила размена на рускиот дилер со оружје Виктор Бут, кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за Гринер и Вилан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.