Русија денеска изврши напад со беспилотно летало врз украинската престолнина Киев, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти, пренесува Ројтерс.
Loading...
Над градот беа забележани десетици нападни беспилотни летала од Иран, од кои повеќето беа соборени, изјави Сергеј Попко, шеф на локалната воена администрација.
Тој додаде дека во неколкучасовниот напад биле оштетени околу 20 автомобили и гасовод во станбена зона.
На детското игралиште пронајдени се и урнатини.
Русија редовно испраќа беспилотни летала и проектили над украинските градови и населени места далеку зад првите линии на фронтот во нејзината инвазија на Украина, стара повеќе од две и пол години.