Русија го казни Гугл за кршење на закон за лични податоци

Сподели со своите пријатели

Русија го казни „Гугл“ со три милиони рубљи во четвртокот за кршење на законите за лични податоци, што е прва казна за „Гугл“ за таков прекршок, соопшти Московскиот окружен суд во Тагански.

Loading...

Google ги потврди информациите за казната и не коментираше.

Казната следи по серијата големи судири меѓу Русија и технолошкиот гигант, бидејќи Москва рутински ги казнува големите социјални мрежи за неуспехот да се отстрани забранетата содржина и се обидува да ги принуди странските технолошки компании да отворат канцеларии во Русија.

Државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор минатиот месец објави дека Гугл, подружница на Алфабет, може да биде казнет со околу 6 милиони рубљи заради нечувување лични податоци на руски корисници во базите на податоци на руска територија.

Русија претходно го казни „Гугл“ затоа што не ги отстрани забранетите содржини.

Покрај тоа, Гугл ги налути руските власти со блокирање на профилите на Јутуб во сопственост на некои индивидуи и медиуми ориентирани кон Кремљ.

Leave a Reply