Министерот за вонредни ситуации на Русија Александар Куренков денеска изјави дека Москва ги повлекува спасувачките тимови од Турција и Сирија, земји кои беа погодени од разорниот земјотрес на 6 февруари.
Loading...
„Спасувачката операција завршува. Тешка опрема е вклучена во отстранувањето на урнатините“, рече Куренков за време на телеконференција со руските оперативни групи во Турција и Сирија, пренесува Таш.
Куренков додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „со оглед на овие околности“ одлучил да ги повлече групите на руското Министерство за вонредни ситуации.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.