Русија: Ги убивме Украинците кои го кренаа знамето на Змискиот остров

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека убило украински војници кои го подигнале украинското знаме на Змискиот остров, стратешки важен остров на Црното Море од кој неодамна се повлекоа руските сили.

Loading...

„Ноќта меѓу 6 и 7 јули, режимот во Киев, оптоварен со воени порази и големото повлекување на украинските сили во Донбас, се обиде симболично да постави знаме на Змискиот остров“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Преживеаните избегаа“

„Околу 5 часот наутро неколку украински војници слетаа на островот и се фотографираа со знамето. Авион на руското воено воздухопловство веднаш лансираше високопрецизни проектили кон островот, кои го уништија украинскиот воен персонал. Преживеаните избегаа во правец на островот Приморскоје во регионот Одеса“, рече тој во соопштението за печатот на руското Министерство за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Овие руски тврдења не се независно проверени, но властите во Одеса претходно објавија дека Русите го ракетирале Змискиот остров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.