Русија ги повика украинските војници во Мариупол да се предадат

Сподели со своите пријатели

Руската армија испрати ново барање до украинските војници кои се наоѓаат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол да се предадат денеска до 15 часот за да си ги спасат животите, изјави генерал полковник Михаил Мизинцев.

 

Јапонија испраќа заштитна опрема од хемиско оружје во Украина

 

„Русија им гарантира на сите дека ќе им биде спасен животот и дека ќе се почитуваат сите норми од Женевската конвенција за постапување со воените заробеници, како што беше случајот со украинските војници кои претходно се предадоа во Мариупол“, рече Мизинцев, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ја нападна Москва со 100 дронови

Украинските војници кои го бранеа градот во последните седум недели го игнорираа дводневното предупредување од руската војска дека војниците кои одбиваат да се предадат ќе бидат уништени откако ќе бидат повикани да се предадат со ветување дека ќе им бидат поштедени животите.

 

Експлозија во близина на училиште во Авганистан, загинаа 25 лица

 

Фабриката Азовстал, која зафаќа околу 11.000 квадратни километри, е последната територија на украинскиот отпор во Мариупол, стратешко пристаниште на Азовското Море.

Проруските сепаратистички сили во источна Украина претходно соопштија дека делумно започнале операција за напад на фабриката за челик.