Јапонија испраќа заштитна опрема од хемиско оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Јапонија ќе испрати маски и облека во Украина за заштита од хемиско оружје, изјави денеска министерот за одбрана Нобуо Киши.

Loading...

Јапонија дополнително ќе испрати извидувачки беспилотни летала, а пратките ќе дојдат по барањата на Киев, во време на зголемена загриженост дека Русија ќе користи хемиско оружје во Украина.

Неодамна испрати панцири, шлемови и зимска облека

„Продолжуваме да даваме колку што е можно поголема помош за украинската влада“, рече Киши.

 

Експлозија во близина на училиште во Авганистан, загинаа 25 лица

 

Јапонија неодамна испрати на Украина панцири, шлемови и зимска облека.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Како дел од санкциите наметнати на Москва во Јапонија, во вторник стапи на сила забраната за увоз на 38 производи од Русија, вклучително и вотка и производи од дрво.

Забраната се однесува само на еден процент од увозот од Русија, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

Токио во моментов соработува со Западот на воведување построги санкции.