Русија гаѓаше складиште за жито во Одеса

Сподели со своите пријатели

Русија нападна складиште за жито во Одеса во понеделникот, а локалните власти на Крим известија дека било погодено складиште за руска муниција.

Loading...

Украинската јужна воена команда на социјалните мрежи објави дека во напад на руско беспилотно летало на јужното украинско пристаниште Одеса е уништен магацин за жито и се ранети четворица пристанишни работници.

Според прелиминарните информации, во нападите биле уништени три беспилотни летала, соопшти командата.

Руско складиште за муниција во Џанкој, Крим, беше погодено рано во понеделникот, а руските сили за воздушна одбрана пресретнаа 11 беспилотни летала над областа, изјави проруски функционер.

Сергеј Аксјонов, гувернер на полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година, исто така изјави дека е оштетена станбена зграда во областа.

Засега не е јасно дали складиштето за муниција било директно погодено од дронот или било оштетено од паѓање на остатоци од дронот.

Русија има воена воздухопловна база во близина на Џанкој.

Украинските власти долго време велат дека градот и околните области се претворени во најголемата воена база на Москва на Крим.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.