Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори, но…

Сподели со своите пријатели

Русија ќе одговори позитивно, доколку Украина покаже волја за продолжување на мировните преговори, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија.

Loading...

Андриј Руденко додаде дека Киев мора да ја прифати „територијалната реалност“.

Руденко изјави дека не може да се постигне мировен договор доколку Киев не го прифати предлогот на Москва Украина да биде воено неутрална и да не се распоредува нуклеарно оружје на нејзина територија, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, според неговите зборови, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да ја признае руската контрола врз Крим и самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги повика Г20 да го поддржат Киев и да го „притиснат“ Хамас

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.