03.05.2019 15:04

Русија е најголем купувач на злато во светот


Централните банки ширум светот во првиот квартал на 2019 година купиле најголеми количества злато во последните шест години, при што Русија ја обезбедила лидерската позиција затоа што настојува да ја намали зависноста од доларот.

Глобалните резерви на злато пораснаа за 145,5 тони од почетокот на годината до крајот на март, што е зголемување од 68 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

loading...

Тоа е и најголем пораст на глобалните резерви за овој период од 2013 година, според најновиот извештај на Светскиот сојуз за злато (WSG).

Руската централна банка во првото тримесечје во своите трезори додала 55,3 тони злато, благодарние на што нејзините, и онака големи резерви, достигнаа 2.168,3 тони, што земјата повторно ја направи најголем купувач на злато, се наведува во извештајот, а пренесува Раша тудеј.

– Русија купи 274,3 тони злати во 2018 година, додека драстично го намали поседот на американски обврзници, во рамките на своите напори да ги диверзификува девизните резерви во долари, порачуваат од WSG.

Кина го зазема второто место со оглед дека во првиот квартал има купено 33 тони злато.

Официјален Пекинг во декември 2018 година повторно започна со купување злато по повеќе од две години пауза.

И неколку други земји зналитечно ги зголемиле златните резерви, вклучително Еквадор, Турција, Индија и Казахстан.

Желбата за купување на благодорниот метал била потикната од „економската неизвесност која ја предизвикуваат трговските тензии, спортиот раст и климата на ниски или негативни каматни стапки, оценуваат од Советот.

Русија моментално е петта во светот по залихите со злато.

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments