Русија донесе закон што ја налути Франција

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за земјоделство Жилиен Денорманди изјави дека името „шампањ“ може да се користи само за пенливи вина произведени во истоимениот регион во Франција, иако други земји од време на време се обидуваат да го тврдат името како да е нивно.

Loading...

Денорманди на тој начин реагираше на веста дека Русија во петокот донесе закон со кој се бара странските производители на пенливи вина да го опишуваат својот производ како таков на задниот дел од шишето, а не на предната страна, додека само производителите на руски „шампањ“ можат да продолжат да го користат тој израз, пренесува Ројтерс.

„Можете да ја замислите реакцијата на француските власти“, рече Денорманди за Радио Суд, нагласувајќи дека зборот „шампањ“ потекнува од истоимениот „прекрасен регион на Франција, каде што се произведува шампањ“.

 

 

Да потсетиме, неодамна, во слична пригода, односите меѓу Италија и Хрватска беа бурни. Двете земји го обновија спорот околу прошек или просеко виното.

Во исто време, Италија по втор пат се обидува да ги блокира напорите на Хрватска да добие специјално признание од ЕУ за своето десертно вино.

Loading...

Во 2013 година, Италија успешно тврдеше дека името прошек е премногу слично на италијанското име  просеко, пренесува Гардијан.

Хрватските винари тогаш застанаа во одбрана на своето вековно десертно вино, прошек.

 

 

Италија објави дека ќе го брани просеко по секоја цена, откако Хрватска поднесе барање до Европската комисија да добие специјално признание за прошеко.

Хрватските винари се согласија дека двете имиња се слични, но нивниот аргумент е дека потрошувачите можат лесно да ги разликуваат.

Претседателот на италијанската провинција Венето, Лука Заја, рече дека просеко „мора да се брани на секое ниво“.

Loading...

Главната асоцијација на земјоделци во Италија, Колдирети, објави дека борбата на Хрватска за просеко, односно просек, е „напад врз брендот „Произведено во Италија“.

Војната околу „Просеко“ и „Прошеко“ потсетува на спорот во ЕУ околу колбасот „Крањске кобасицеи „Кезе крајнер“ меѓу Словенија и Австрија, како и спорот околу виното наречено „Токаи“ меѓу Италија и Унгарија.

Leave a Reply