Русија: Денес погодивме воени и енергетски цели

Сподели со своите пријатели

Русија денеска соопшти дека нејзините сили нападнале воена и енергетска инфраструктура во Украина.

Loading...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите биле извршени со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море.

„Погодени се целни објекти“

Целите беа „воената команда и енергетската инфраструктура на Украина, како и арсенали со муниција и оружје од странско производство“, се додава во соопштението.

„Беа погодени цели објекти“, соопшти руското министерство.

Русија ја напаѓа цивилната инфраструктура

Русија изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура, вклучително и енергетските капацитети, во последните денови, откако претрпе серија порази на фронтот во септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киев: Русија синоќа истрела шест проектили и 145 дронови во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија уништила 30 отсто од електраните во Украина и тоа го нарече „терористички напади“.