Русија: Четворица лица повредени кога тинејџер ги нападнал со нож на училиште

Сподели со своите пријатели

Четири возрасни лица утрово се полесно повредени кога тинејџер ги нападнал со нож во селско училиште во Ростовската област во јужна Русија кога се обидел да влезе во училишната зграда, соопшти началникот на регионот Василиј Голубев.

Loading...

Голубев на Телеграм напиша дека маскирано петнаесетгодишно момче со нож ранило четворица возрасни, меѓу кои тројца вработени во училиштето и роднина на ученик во селото Красни Десант, но дека ниту едно од децата не е повредено, пренесе ТАСС.

Началникот изјавил дека напаѓачот бил спречен од присутните и дека се испоставило дека станува збор за ученик во деветто одделение со ментална болест.

Истрагата за случајот е во тек.