Русија барала уште дронови и балистички ракети од Иран

Сподели со своите пријатели

Русија со недели ја напаѓа Украина со ирански камикази дронови од типот Шахед-136, кои Русите ги нарекуваат Геран-2, според Украина и нејзините сојузници.

Loading...

Москва има набавено до 2.400 вакви беспилотни летала од Иран, тврди Украина, и ги користи како евтина замена за ракетите и со нив цели на енергетските постројки и станбените области на украинските градови.

Иран негира дека ѝ ги испорачал дроновите на Русија, а портпаролот на Кремљ вели дека „нема информации“ за нивното потекло.

„Ние користиме руска опрема со руски имиња“, рече Песков.

Ирански извор: Русија бара повеќе дронови и прецизни балистички ракети

Украина и западните влади и воените аналитичари веруваат дека Геранс-2 едноставно се преименувани во дронови Шахед-136, што може да се препознае по обликот на крилата, но и со испитување на пронајдените фрагменти од експлодираните дронови.

Анонимен ирански функционер изјави за Ројтерс дека Русија побарала повеќе ирански беспилотни летала, како и „зголемена прецизна“ балистичка ракета, кога високи претставници од Техеран неодамна ја посетиле Москва.

Изворот рече дека Иран ветил дека ќе испрати уште беспилотни летала во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...