Русија: Азовското море никогаш повеќе нема да биде украинско

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на владата на Крим, украинскиот полуостров кој беше анектиран од Русија во 2014 година, изјави дека „Украина засекогаш го изгубила Азовското Море“, пренесува руската прорежимска агенција РИА Новости.

„Украина го загуби Азовското Море засекогаш. Пристаништата во регионите Запорожје и Херсон никогаш повеќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека, по обединувањето на нашите региони со Русија, Азовското Море, исто како претходно ќе стане исклучиво море на Руската Федерација“, рече Георгиј Мурадов.

 

Најмалку 11 мртви во судир на нарко картел во Мексико

 

РИА го цитира и Владимир Рогов, функционер назначен од Русија во окупираната област Запорожје, кој го кажа истото – дека регионите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев.

Русија го анектира Крим по инвазијата во 2014 година. Украина постојано изјави дека нема да се согласи со каков било мировен план кој не вклучува враќање на сите окупирани делови под контрола на Киев.

 

Најмалку 11 мртви во судир на нарко картел во Мексико

 

Дмитриј Медведев, близок соработник на Владимир Путин, повторно рече дека Русија нема да се согласи на никаков договор што не го признава Крим како руска територија.