Русиja: Америка ќе најде пари за Киев

Сподели со своите пријатели

Пратеникот на Државната дума од Крим, генерал-мајор Леонид Ивлев е скептичен за изјавата на САД дека го запираат испраќањето финансиска помош за режимот во Киев, тврдејќи дека тоа е само лошо шоу.

Loading...

„Како што велеше Станиславски – не верувам! Како што покажува практиката, САД знаат да зборуваат нејасно и да создаваат магла околу темата војна. Многу лесно може да се појават нови програми за помош и нови фондови, само ако тоа е корисно, не за Украина, туку за Америка“, рече Ивљев.

„Јас не верувам во тоа“, вели пратеникот од Думата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Сепак, како што додава, крајот на американската поддршка би бил логичен исход и лекција за киевските власти, кои ги предадоа интересите на украинскиот народ заради помошта од Западот.

Малку порано координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа Џон Кирби потврди дека Соединетите Американски Држави повеќе не можат да испраќаат воена помош за Киев, финансирањето завршува, пренесува РТ Балкан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.