Руси: Спречивме терористички напад. Терористите беа спонзорирани од Украинци

Сподели со своите пријатели

Руските власти тврдат дека спречиле терористички напад спонзориран од Украина во Чегем, Кабардино-Балкарија, република во близина на руската граница со Грузија.

Loading...

Во извештајот се наведува дека се убиени двајца осомничени. За тврдењата на руските безбедносни служби не беа понудени докази.

„Пронајдена експлозивна направа“

„Федералната служба за безбедност ги запре активностите на двајца претходно осудени руски државјани кои според инструкциите на украинските специјални служби подготвувале терористички акт во градот Чегем. По извршувањето на делото планирале да заминат во Украина со цел да учествуваат во непријателски активности против руските вооружени сили“, се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти

„На местото на конфликтот е пронајдена импровизирана експлозивна направа тешка околу 2 килограми во еквивалент на ТНТ, автоматска пушка АК-74, пиштол и муниција“, додаваат тие, пренесува Гардијан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.