Роверот на НАСА пристигна на Марс: Ова се првите фотографии отааму (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роверот „Perseverance“ на американската вселенска агенција НАСА успешно слета на површината на Марс, поточно во кратерот наречен Езеро.

Loading...

„Perseverance“ слета по седум месеци патување, децении работа и потрошени милијарди долари.

 

 

Неговото слетување означува почеток на повеќегодишна мисија што ќе одговори дали некогаш постоел живот надвор од Земјата.

НАСА веднаш ги пренесе сликите што роверот ги направи на самото место.

„Добро ден свету. Мојот прв поглед кон куќата што ќе биде моја засекогаш”, беше напишано на официјалниот профил на Твитер на роверот со црно-бела слика што ја покажува сенката на возилото на земја.

Loading...

Роверот треба да започне да ги зема првите примероци на карпи во текот на летото, а идната мисија ќе ги врати запечатените цевки на Земјата по 2030 година.

Кратерот Езеро, каде научниците сметаат дека имало езеро пред 3,5 милијарди години, беше најопасното место за слетување што НАСА го има пробано.

 

Leave a Reply