Роухани: Санкциите нема да го натераат Иран на преговори со САД

Сподели со своите пријатели

Американските санкции кои го спречуваат Техеран да зивесува нафта би можеле да бидат многу опасни, но нема да имаат ефект каков што посакува САД, вели претседателот на Иран.

Иранскиот претседател Хасан Роухани ги предупреди САД дека санцкиите кои повторно ги воведоа за Иран нема да го натераат Техеран на преговори со Вашингтон, но не исклучува можност за дијалог на двете земји.

Во Њујорк тој рече дека санцкиите кои Иран го спречуваат да извезува нафта, а кои повторно ги воведе Доналд Трамп, можат да бидат опасни, но нема да го имаат посакуваниот ефект за преговори.

Како што пренесува Ројтерс, Рорухани порачал дека со Трамп би можел да преговара само доколку неговата администрација докаже дека е доверлива, а САД се врати во нуклеарниот договор.

Leave a Reply