Роман од Венко Андоновски во Загреб, претстава во Бања Лука

Сподели со своите пријатели

Во издание на ТИМ-прес од Загреб, неодамна се појави романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во превод на македонистот Борислав Павловски.

Loading...

Ова е трет роман на Андоновски во Хрватска, по „Вештица“ и „Папокот на светот“, кои го свртеа вниманието на читателите и критиката.

Андоновски е и познат македонски кроатист кој често пишува критички осврти и поговори за хрватските писатели. Затоа, „Вечерњи лист“ објави големо интервју со Андоновски, не само за романот, туку и за политичката ситуација на Балканот.

Во исто време, во Српското народно позориште во Бања Лука, Дејан Пројковски ја поставува претставата „Генетика на Глембаеви“, работена според текстот на Андоновски, а играна кај нас под наслов „Генетика на кучињата“.

Андоновски е македонски писател, романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар роден во Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply