Рома Труба фест годинава по 15. пат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фестивалот на лименодувачки инструменти „Рома труба фест“ и годинава ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово на 27ми август со почеток во 19 часот.

Loading...

Фестувалот е во организација на Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а со финансиска поддршка од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.

Под посебни протоколи за заштита од коронавирусот, на фестивалот годинава ќе настапат само домашни изведувачи.

Вечерта ќе ја отвори оркестарот Уска Кан Кантуров, по што ќе следуваат оркестрите Кочани, Млади Агушеви, Stars Band, Млади Таленти, ИСМО Бенд, Роберт ft. Ферчо & Bad Boys.

Специјални гости на вечерта ќе бидат Кеми Асанов, Нукиш Бенд, Ферус Мустафов и Руфат – Роки Селимовски.

Никола Ивановски

Leave a Reply