Во нападот на руските сили утринава врз центарот на Херсон, загина вработен во комуналното претпријатие, изјави шефот на регионалната администрација Олександар Прокудин.
Loading...
Тој изјави дека руските сили го гаѓаат центарот на Херсон од повеќецевни ракетни фрлачи „Град“, пренесува Интерфакс Украина.
Во исто време, шефот на Советот за одбрана на Криви Рог, Олександар Вилкул, објави дека во тој град се слушнале експлозии, но не наведе детали.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.