Роднина и сосед пукале со пиштол во липковец

Сподели со своите пријатели

Четирисетгодишен жител на селото Липково викендов бил донесен во кумановската болница со прострелни рани.

Loading...

Според пријавеното повредите ги здобил откако во него пукале неговите роднина и сосед,

– На 13.08.2022 во 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од село Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на селото Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

– За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка, појаснуваат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски