Родителите во паника: Нова перверзна сексуална игра „шарени алки“ хит меѓу децата

Сподели со своите пријатели

Во соседна Србија стигна опасна сексуална игра, која основците и средношколците ја играат на забави под името „шарени алки“, пишуваат српските медиуми.

Родителите се згрозени и уплашени, а стручните лица истакнуваат дека тинејџерите не можат да сфатат какви последици може да остави по нивното здравје и по нивната психа.

Оваа игра се игра на тој начин што девојката става на рака алка со одредена боја. Потоа ја крие раката зад грб. Момчето ја погодува бојата и ако ја каже точната боја, од девојката добива „награда“ во зависност од бојата. Секоја боја нешто претставува. И тоа се прави пред сите на забава. На пример, жолата боја претставува прегратка, зелената е секс, белата допирање на одреден дел од телото, сина – орален секс, црвена – танц во скут, а розова – бакнеж  – вели соговорникот на „Курир“.

Јасна Јанковиќ, професорка и претседателка на Здружението на синдикатот на просветни работници во Србија вели дека чула за вакви или други слични игри што ги играат децата на забавите.

–Не знам дали станува збор за урбана легенда или ова навистина се случува. Но, тоа што е сигурно е дека денешната младина многу рано стапува во интимни односи и тоа го прави без емоции. А секое сексуално доживување без емоции е еден вид насилство над децата – изјави Јанковиќ.