Родителите го пронајдоа гробот на синот мигрант кој загина на пругите во Велес (фото)

Сподели со своите пријатели

Семејството на еден од четиринаесетте мигранти кои на 24 април минатата година загинаа на пругата близу Велес, пред неколку дена го пронајдоа гробот на својот син, инаку по потекло од Авганистан, соопшти групата за помош на бегалци Are you Syrious.

Loading...

После деветмесечна надеж дека нивниот син е жив, во потрага по неговата патека низ Македонија, од Јавното обвинителство со покажување на неговата слика од мртвото пронајдено тело, семејството конечно дознало дека нивниот син загинал при пешачење на пруга, по што семејството го посетило неговиот гроб во село Раштани, велешко.

12417674_570393606442860_8185561175136768668_n

Седум од четиринаесетте загинати мигранти на 24 април, се уште се неидентификувани и во ЈО немаат никакви информации за нивното потекло, јавува групата за помош на бегалците.

Во текот на минатата година, дури триесетина мигранти ги загубија животите во Македонија, пешачејќи преку пруги и диви патишта, во потрага по подобра иднина откако во нивните земји се водат жестоки војни.

Во низата случаи каде мигрантите и бегалците се жртви на криумчарење, минатата сабота, 33 лица од Ирак и Иран за малку се спасија од сигурна смрт, откако без воздух насилно ги отвориле вратите од камионот во кој биле качени за транспорт преку стариот пат за Куманово.

Од страв да не падне во рацете на полицијата, возачот на камионот избегал од местото на настанот, оставајќи ги мигрантите на пат.