Родителите на тригодишно девојче на кое му биле забодени две големи игли во срцето и белите дробови биле уапсени под сомнение дека го убиле своето дете во болен, сатански ритуал во Аргентина.
Форензичарите ги откриле иглите за време на обдукцијата, откако малата Маја Валехос починала во болница од инфекција што ги зафатила нејзините витални органи и предизвикала срцева слабост.
Едната игла – долга 10 сантиметри – го допирала нејзиното срце, додека другата, постара игла што и била вметната во телото некаде пред смртта, удрила во белите дробови и веројатно била причина за сепса што ја претрпела малото девојчето.
– Девојчето страшно страдаше. Она што и го сторија е многу агресивно – истакна помошник обвинителот Мигел Фонтејн.
Обвинителот Кристијан Арана прецизираше дека едната игла е во контакт со срцето и белите дробови на детето, а другата е пронајдена во тимусот (дојка), помеѓу градната коска и белите дробови.
– Другата беше постара и предизвика општа инфекција, воспаление на белите дробови и бубрезите, што доведе до срцева слабост – изјави тој.
Опасните детали од обдукцијата беа објавени додека властите на северната аргентинска провинција Чако ги испитуваат сите можности, вклучително и сатанските ритуали, пишува „Дејли меил“.
– Истрагата е во тек и властите ја испитуваат теоријата дека смртта на девојчето е поврзана со некаков вид ритуал – изјави извор близок на истрагата за локалните медиуми.
Родителите на Маја, 20-годишна мајка и 19-годишен очув, се обиделе да избегаат од страв да не бидат линчувани од локалното население, но биле фатени од полицијата во атарот на селото Квитилипи каде живееле . Арана посочи дека не сакаат да кажат каде ги држат уапсените во страв од нивен линч.
„Луѓето во Квитилипи се згрозени“, додаде тој.
Мајката – која е во четвртиот месец од бременоста со друго дете – во вторникот преку адвокат побарала да ја стават во домашен притвор, откако била претепана во затвор. Била претепана од други затвореници и објавила видео од тоа на социјалните мрежи.
Маја беше прогласена за мртва кратко време откако пристигнала во болницата во Квитилипи на 4 јуни. Живеела со нејзината мајка и очувот во колиба покрај пиланата, а полицијата веќе ги испрашала тамошните работници како дел од истрагата. Мајката и очувот официјално се осомничени за убиство.