Воспитувањето на децата со причина се смета за една од „најтешките професии“ во светот, а за многу родители најлоши се тинејџерските години кога младите оправдано ги тестираат границите.
Некои родители, сепак, само се покажуваат во вистинско светло во тој период, исто како што покажува случајот од Кина.
Родителите на 13-годишното девојче решиле да стават крај на нејзиниот „бунт“, па ја оставиле на пуст остров во надеж дека ќе „созрее“. Девојчето било спасено откако некако успеало да ги повика локалните рибари за нејзиното присуство на островот.
Родителите на девојчето одлучиле да и ’одржат лекција за тешкотијата во животот затоа што таа го напуштила училиштето и цел ден била во нејзината соба.
Островот се наоѓа на еден километар од брегот на градот Рушан и е напуштен со години, и нема вода и струја. Девојчето поминало два дена сама таму пред да се осмели да ги повика рибарите, кои потоа контактирале со полицијата.
Девојчето признало во полиција дека не може повеќе да живее таму само на вода и бисквити што ги оставиле нејзините родители, пренесува Мирор.
Потоа полицијата им наредила на родителите да ја однесат потресената ќерка дома, на што родителите едвај се согласиле, истакнувајќи дека им се чинело оти созрела за времето поминато на островот.
Сомнително е каква ќе биде последователната врска помеѓу тоа дете и родителите.