Новороденче прекриено со исеченици, модринки и каснувања од инсекти, преживеало два дена во оддалечена шума во Тајланд, додека конечно не било спасено.
Девојчето без облека го пронашле мештаните од блиското село меѓу густите зелени листови од банана.
Почнало да плаче штом ги отворило очите, додека ја кревале од земја, црви и бубачки ја милувале по кожата.
Случајно ја забележале собирачи на гума, а кога заплакала ја спуштиле на земја и чекале да дојде полиција и брза помош бидејќи не сакале да ризикуваат додека ја носат.
Спасувачите го завиткале девојчето во ќебе и го пренеле во болница каде и била укажана помош. Била дехидрирана, но здрава и не се очекува да има трајни здравствени проблеми.
Во тој крај живеат опасни животни како кобри и питони, додека температурите во текот на денот достигнуваат и до 35 степени, па бебето имало голема среќа.
Портпаролот на полицијата изјавил дека ја бараат мајката на девојчето, но без камери во шумата, тешко ќе ѝ се најде трага.
– По телото на новороденото девојче ползеа црви и инсекти. Записите од болницата покажаа дека таму неодамна ниту една жена не се породила. Мајката најверојатно се породила на друго место и го оставила детето во ридовите – изјавил полицискиот полковник Прасит Јотонг и додал дека мајката ќе биде кривично гонета.