Родилката од Крива Паланка починала по царски рез

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден откако бил извршен царски рез на 37-годишната Г.С. од Крива Паланка истата починала во 15:40 часот на пат за Скопје, велат извори од Министерството за внатрешни работи.

Од Одделението за гинекологија за Кумановски Муабети велат дека истата со анестезиолог, анестетичар и медицинска сестра од интензивно лекување била испратена кон скопските клиники. Полицијата рече дека жената починала при транспортот, додека пак медицинските лица тврдат дека починала на Карил, односно Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Во 20 часот вчеравечер случајот бил пријавен во полиција, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција на телото на родилката.

Според досегашните извори, родилката била од ромска националност, новороденчето здраво било донесено на свет во 11 часот, а ова и е петто породување.

Нејзиниот сопруг најавува тужба против лекарскиот персонал за несовесно лекување.

 

Loading...