Родила туѓо бебе: „Се поврзав со него па морав да го предадам на странци“

Сподели со своите пријатели

Еден пар го тужи Калифорнискиот центар за репродуктивно здравје (ЦЦРХ), бидејќи по ДНК тестот откриле дека детето што го имале не е нивно биолошко дете и дека нивното вистинско дете е родено на друг пар, пишува BBCnews.

Loading...

ИВФ е процедура при која јајце клетките на жената се оплодуваат со машка сперма во лабораторија пред ембрионите да бидат имплантирани во женската матка.

Грешката ја забележале при породувањето бидејќи ќерката што ја добиле била многу потемна од нив и сфатиле дека нешто не е во ред.

Биолошката ќерка ја добиле дури четири месеци по породувањето кога го пронашле парот кој по грешка го добил нивниот ембрион.

„Наместо да го дојам моето бебе, јас доев и се приврзав за бебе кое подоцна бев принудена да го предадам на странци“, рече Дафна.

Дафна и Александар побарале психолошка помош поради ова трауматично искуство поради симптоми на анксиозност, депресија и ПТСП.

Иако успеале да си ја вратат биолошката ќерка, како што велат, сеќавањето на нивната бременост и породување засекогаш ќе биде извалкано од реалноста дека родиле туѓо дете кое биле принудени да го предадат на некој друг.