Ревати Бордавекар од Индија пати од вагинизам, поради што нејзината вагина се стега секогаш кога ќе се обиде нешто да стави во неа, па таа вели дека со сопругот никогаш немале сексуални доноси.
Сепак, 30-годишната девица родила природно ќерка минатиот месец, откако имала медицински потпомогнато оплодување. Сега кога ја раодила Ева, Ревати се надева дека конечно ќе може да искуси секс со целосна пентерација.
Својот сопруг Чинмај го запознала во интернат во 2013 година. Тој тогаш живеел во САД, но подоцна се преселил во Индија. За својата ретка состојба, која ја има само еден процент од жените во светот, на сопругот му рекла дури на првата брачна ноќ.
– Се уште не сме пробале да имаме секс, но верувам дека нема да има пречки, рекла Ревари за Дејли Мејл.
Минатиот пат кога тоа го пробале било уште пред вештачкото оплодување, кон почетокот на 2018 година. Вели дека и било непријатно и дека едвај чекала да заврши.

Ревати прв пат забележала дека нешто не е во ред кога на 22 години се обидела да стави тампон во својата вагина. Секогаш кога сакала да стави тампон, рака започнувала да и се тресе, а вагиналниот отвор нагло се затворал.
– Тогаш тоа не ми беше толку непријатно за да побарам помош од лекар или дури да разговарам за тоа. Иако се плашев дека нема да можам да има односи, одлучив се да препуштам на иднината и да видам како работите ќе се развиваат, вели Ревати.
Најрпрвин претпоставила дека нејзината вагина е премала за да може да има секс. Но, и паднал камен од срцето кога ги пребарала симптомите на интернет и открила дека станува збор за ваганизам, за кој има лек. И кажале да се обиде со предигра, да пие вино и да користи крема за заострување на сетилата, за да може да го конзумира бракот.
Кога ништо од наведеното не дало резултати, лекарите хирушки го пробиле нејзиниот химен и ја прошириле вагината. Меѓутоа, ни тоа не помогнало. Дури кога во бременоста одела на контроли, се забележало дека вагината е се помалку чуствителна на допири, па лекарот и предложил да проба да роди по природен пат, наместо со царски рез.
По 48 часа во породилиште, Ревати успешно родила здраво девојче.
– Мојата порака на сите жени е дека ваганизмот не мора да ве спречи да забремените и родите по природен пат, заклучува Индијката.