23.04.2019 02:10

Родени се во ист ден и иста болница, а во мај љубовта ќе ја крунисаат со брак (ФОТО)


Момче и девојка од Виган, Англија, кои се родени во ист ден и во иста болница, се запознале прв пат на нивниот 18ти роденден, а сега стапуваат во брак, пишува Дејли мејл.

Шона Грејси дошла на свет само неколку часа по својата сродна душа Том Мегајвер пред 26 години, на 22 декември 1992 година.

loading...

И покрај тоа што живеат одалечени помалку од шет километри еден од друг, парот прв пат се запознал во 2010 година.

Двајцата славеле родендени, а кога заедничкиот пријател ги запознал, Том, кој работи како инжинер, веднаш се вљубил.

Меѓутоа, Шона во почетокот не била заинтересирана и еднаш на Том му рекла да ја остави на мира.

Сепак, повторно се сретнале пред два месеци, па по вечерното излегување прв пат се бакнале. Според нивнат априказна, таа ноќ се напиле.

Дури и тогаш Шона се обидувала да избега од својот обожавател, но во април 2011 година, по многу труд, упорниот Том конечно ја освоил девојката која му припаѓа. Парот тогаш официјално започнал да се забавува.

Скоро осум години подоцна, нивната љубовна приказна ќе добие и крај како од бајките, бидјеќи парот ќе се венча во родниот град.

Шона, медицинска сестра за деца, вели дека Том бил непопустлив додека не ја освоил и дека секогаш зборувал дека ќе бидат заедно и дека ја сака.

Иако во почетокот го одбивала, Шона една вечер сфатила дека Том сепак и се допаѓа.

loading...

– Заедно сме веќе осум години и не можеме да бидеме посреќни, тој навистина е еден во милион. Сега повеќе од било ога чувствувам дека судбина беше да се сретнеме. Тоа е многу убаво што сме родени во ист ден и на исто место. Сакам тоа да им го кажувам на луѓето и да ги видам нивните реакции, рекла таа.

Парот оел во училиште во Вигана и живееле близу еден до друг цело детство, а сега на 4ти мај ќе стапат во брак.

Кој и да ја слушне нивната приказна, ќе остане изненаден и воодушевен од заплетот на судбината.

Facebook/ Shauna Gracey / Извор: Дејли мејл


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments