Робот ги победи луѓето во тестот за читање

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Алибаба“ развила модел на вештачка интелигенција кој успеал да покаже дека роботите се подобри од луѓето во тестовите за читање и разбирање.

Споменатиот тест е составен на Унверзитетот во Станфорд и се состои од преку сто илјади прашања кои се составени од 500 стати од Википедија.

Моделот кој го развила компанијата успеал да оствари подобар резултат од луѓето кои учествувале во истражувањето и тоа по прв пат откако се прават овој вид на истражувања.

Луо Си, главнито научник кој раководи со истражувањето, вели дека технологијата на т.н. природни јазици ја развиле врз база на имитирање на човековото разбирање на зборовите и речениците. Меѓутоа, признава дека во иднина значителен број работници би можеле да останат без работа поради машини и компјутери.

– Оваа технологија може постепено да започне да се применува во бројни професии, како што се корисничка служба, музејски водичи и интернет одговори на медицински прашања на пациентите, што ќе ја намали потребата од човечкото дејствување, проценува Луо.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.