Роберт Кенеди: САД го крие бројот на жртвите и вистинската причина за украинскиот конфликт

Сподели со своите пријатели

Украина загуби околу 350 илјади војници, изјави за Фокс њуз кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Роберт Кенеди Џуниор, братучед на 35-от американски претседател Џон Кенеди и додаде дека за тоа не се разговара.

Loading...

Тој ги обвини американската и украинската влада за криењето на вистинскиот број на жртви и потсети на фактот дека властите лажеле за пандемијата на коронавирусот и војната во Ирак.

„Мислам дека администрацијата и Пентагон не се фер кон американскиот народ во врска со реалниот број на украински жртви. Мислам дека и украинската влада лаже“, смета Кенеди.

Според него, американската администрација го крие од Американците не само бројот на жртвите, туку и вистинската причина за избувнувањето на украинскиот конфликт.

„Ни беше кажано дека овој конфликт претставува наш одговор на нелегалната и насилна агресија на Путин. Меѓутоа, неоконзервативците во Белата куќа го подготвуваат и провоцираат овој конфликт десет години и продолжуваат да избегнуваат секакви разговори за мир и каков било обид за решавање на конфликтот“, истакна тој.

Во мај ЕУ објави дека од почетокот на специјалната воена операција во Украина, украинската армија загубила само 13 илјади луѓе и дека 35 илјади се ранети.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тогаш процени дека само во мај изгубиле повеќе од 15.000 војници.

Во април агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на протечени американски документи, објави дека Украина изгубила меѓу 124.500 и 131.000 војници кои биле убиени и ранети, пренесува Спутник.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.