Роберт Ангеловски кондиционен тренер на младинските категории на МРК Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Младинските категории на машкиот ракометен клуб Куманово започнаа со подготовки, за што ќе биде задолжен еден од најдобрите и најперспективните кондициски и фитнес тренери – Роберт Ангеловски.

Loading...

 

 

Ангеловски како кондициски тренер има работено со повеќе локални спортисти, а голем дел од нив настапуваат и во националниот дрес на Македонија, како и со неколку странски звезди кои ги носеле дресовите на кумановските клубови.

 

 

Loading...

Во следниот период се очекува подигање на квалитет и професионалност во младите категории на МРК Куманово со залагање и ангажирање професионален стручен кадар.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли температури над 20 степени?

 

Инаку за потсетување, сениорската екипа на МРК Куманово оваа сезона ќе има повторно шанса по подолго време да се натпреварува во најквалитетна ракометна Супер Лига како резултат од претходно успешната сезона.

 

 

Loading...

Покрај женски ракомет, оваа година Куманово ќе гледа и машки суперлигашки ракомет.

 

 

 

Никола Ивановски