РК Куманово одбележа 25 години од освојувањето на Ракометниот куп (фото)

Сподели со своите пријатели

Познати имиња од машкиот ракомет во Македонија вчеравечер се присетија на златните времиња на ракометниот клуб Куманово, кој е единствениот трофеен спортски клуб во градот.

 

Loading...

 

Спортските ѕвезди кои во минатото ги полнеа трибините во Спортската сала, вчеравечер одиграа ревијален меч против младиот состав на РК Куманово и приредија вистински спортски спектакл за љубителите на ракометот.

 

Пепи Манасков, еден од најпознатите имиња во домашниот ракомет, кој има настапувано за Пелистер, Вардар Ватростална, францускиот Кретеј, германскиот Хемелн, грчкиот Филипос и Пивоварна Лашко од Словенија, со одиграни 84 натпревари и реализирани 264 голови во својата репрезентативна кариера, вели дека Куманово отсекогаш бил спортски град, а спортот е нешто што зближува.

Јас порано тука шест месеци работев како тренер на Ракометниот клуб Куманово, денес ревијален натпревар, Кузмановски е тука виновен за ова збиднување вечерва, очекувам да се дружиме повеќе, да играме ракомет, нормално ракометот ќе го оставиме во втор план, пред се ќе биде дружењето, ја користам оваа прилика на младите да им покажеме дека ние како повозрасни поранешни ракометари се уште можеме да се организираме, да функционираме, да се дружиме и ова нека биде повод за помладите генерации исто така во нивните животи и спортски кариери, бидјеќи спортот зближува, тоа е пред се здрава работа и ете уште еднаш до нив една поука – изјави Манасков.

Во 1993 година, клубот Шевро Куманово го освојува пехарот на Машкиот ракометен куп на Македонија и тоа е единствениот клубски пехар кој до сега бил донесен во градот.

Многу убави спомени во овој град и Македонија воопшто, било клубска или репрезентативна кариера, само при помисла дека тука беше преполна сала пред европски мега клубови, мноуг е убав да сме тука, супер замисла, не знам чија е, но е феноменална. Спортот е најдобро нешто со што младите можат да се занимаваат, дали ракомет, кошарка, бокс или некој друг вид спорт, но пред се тимскиот спорт за децата е вистинска работа – изјави поранешниот рекометар Александар Михајловски.

Идејата на организаторите е да се одбележат 25 години од освојувањето на првиот куп од страна на тогашниот Шевро Куманово, но и со помладите да разменат искуства и познанства.

Мотив на мене и на сите други беше да ги доведеме, македонските, југословенски, европски и светски великани на ракометот. Тука ние другаруваме веќе 11 години настапувајќи ширум Европа, но мислам дека и овие млади дечиња тука заслужуваат да бидат покрај вакви луѓе – Зоран Кузмановски, поранешен ракометар.

Loading...

Ракометниот клуб Куманово денес во подмладен состав годинава за прв пат се натпреварува во првата ракометна лига на Македонија, откако минатата сезона ја завршија како првопласирани во втората лига.