Рјабков: Русија и САД сè уште се во контакт во врска со Новиот договор СТАРТ

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Русија и САД останале во контакт во врска со Новиот договор СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување, и покрај суспензијата на учеството на Москва во договорот, пренесува Ројтерс повикувајќи се на РИА Новости.

Loading...

Рјабков рече дека не очекува значителен напредок од контактите меѓу Москва и Вашингтон.

Договорот од 2010 година го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави што секоја страна може да ги распореди.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец објави дека Москва го суспендира учеството во договорот СТАРТ, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да и нанесат стратешки пораз на Русија во Украина.