Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва внимателно ги следи сите редовни воени вежби на НАТО во близина на руските државни граници.
„Тоа се редовни воени вежби на НАТО, фокусирани на подготвеноста на нуклеарниот дел од нивните системи и на некој начин претставуваат директно кршење на одредбите од Договорот за неширење на нуклеарното оружје“, рече Рјабков, пренесува ТАС. С.
Рјабков додава дека станува збор за заеднички вежби на членките на НАТО, во кои е вклучен персоналот на ненуклеарните сили.
„Секако, внимателно следиме сè за да разбереме што може да се случи“, додаде Рјабков.
Рјабков се осврна и на потенцијалната размена на затвореници меѓу САД и Руската Федерација и откри дека нема новини на тоа поле.
Москва во август соопшти дека е подготвена да разговара за потенцијална размена на затвореници со Вашингтон, вклучувајќи ја и американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер, која е во руски затвор поради прекршоци поврзани со дрога.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.