РИЗИК ОД ПОЖАРИ: Половина милион машини за перење повлечени од пазарот

Сподели со своите пријатели

Американскиот производител на бела техника „Вирлпул“ повлекува половина милион машини за перење алишта од пазарот во Велика Британија, поради потенцијална опасност од пожар.

Loading...

Како што објавија од компанијата, кај 519.000 машини за перење што се продале помеѓу октомври 2014 и февруари 2018 година, е утврден фабрички дефект.

Откриено е дека постои блокада на вратата или капакот, што може да предизвика прегревање и можно палење на уредот.

„Кога греачите се активираат во машината, тоа исто така повлекува и автоматско заклучување на вратата. Во некои случаи, може да има дефект што го спречува осигурувачот да го исклучи целиот систем, така што може да настане пожар”, велат од „Верлпул“, а пренесува Индипендент.

Истото предупредување се однесува на сопствениците на брендовите „Hotpoint“ и „Indesit“, кои исто така се делумно во сопственост на таа американска компанија.

„Верлпул“ рече дека сите клиенти во групата на ризици од јануари следната година можат да ги заменат своите уреди без надомест.

Ова не е прво повлекување на уреди од компанијата..

Претходно оваа година компанијата од истите причини повлече дури 500.000 машини за миење садови од пазарот.

Loading...

Leave a Reply