Најпознатиот карневал во светот, во Рио де Женеиро официјално е отворен на Самбадром, следен со големи безбедносни мерки.
На почетокот на уште едно издание на карневалот, традиционално е предаден клучот, оваа година не на градот, туку на карневалот, а тоа не го сторил градоначалникот на Рио де Женеиро, туку претседателот на туристичкото биро.
До 9 март ќе се натпреваруваат школи за самба, а учесниците на карневалот ќе парадираат во костуми.

Рио веќе со денови е опседнат со бројни туристи кои сакаат да ја почуствуваат магијата на самба и да уживаат во карневалската атмосфера.
Поради големиот број учесници на карневалот кои го покажуваат своето танцово умеење, но и предизвикувачките и интересни костими со силни бои, како и десетици илјади туристи и Бразилнци, на улиците на Рио мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво.
