Како и другите древни градови во Европа, Рим се наоѓа на едно простраено арехолошко место. Модерниот град седи на врвот на рушевини од своите претходни градови. Како и секој град добивал своја форма, постоечка инфраструктура која била срушена или исполнета со земја, за да се изгради основа на зградите во наредната фаза на еволуцијата на градот. Со тоа станале подземни градови.
Улиците на древниот Рим некогаш биле поврзувани со пазари и форуми со резиденцијални подрачја, улици по кои оделе победнички паради и свечени погреби, денеска се сахранети на 20-30 метри под рушевините. Испод тие рушевини лежи Стар Рим, многу негови улици се неоштетени, неговите историски градби се исполнети со земја, пружајќи поддршка на новите згради.
Неверојатно: Го проширувал подрумот па открил подземен град за 20.000 луѓе (фото)
Loading...
Туристи од целиот свет за време на целата година ги посетуваат величенствените споменици во Рим. Меѓутоа, тие гледаат само врв на ледениот брег. Под пулсирачката италијанска метропола лежат остатоците од Вечниот град, закопан под земјата уште пред падот на Римското царство.
Подземниот град се состои од мрачни и скриени куќи, гробишта, патишка и аквадукти, исполнети со разни чуда и скриени предизвици.
Од Трастевер до галвната железничка станица Термини од градината Вила Боргезе до ридот Ексвелин, рушевините кои некогаш биле царски Рим спиеле, сокриени, но никогаш толку далеку под површината. Во Рим е невозможно да се копа било каде, а да не се налета на археолошко наоѓалиште. Тоа често се случува кога градските власти сакаат да го пришират системот на метрото, или кога инвеститотр ќе се обиде да постави темели за нова зграда.
Што се крие под Москва? Мистерија од ходници, цел подземен моќен свет
Во текот на изминатите два века, а особено од 50. години на минатиот век, архолозите ископале до нивото на дрвениот град, со чистење на остатоците кои ги покривале патиштата и со празнење на заградите кои биле потпора на новите.
Денеска постојат десетина места кои е можно да ве спуштат во подземниот град и да ги видите остатоците од Стариот Рим. Поголемиот дел од нив се затворени за јавноста или се отворени само со специјална дозвола. Меѓутоа, постојат неколку локации достапни за посетителите и обично се пристапува до нив низ црквите.
Loading...
Римски катакомби
Римскит екатакомби првобитно било име за локалитет со ранохристијански гробишта крај денешната црква Св. Себастијан во Рим. Денес пред се се мисли на гробиштата во кои биле погребани старите христијани, често со големи димензии, особено во ранохристијанско време (најпознати се катакомбите во Рим на Себастијан, Домицилин, Присцилин и др.). Изрезбани во мека карба на светото поддрачје кое го опкружува Рим.
Христијаните, на кои верата им била забранета, се криеле во подземните римски катакомби, каде ги споиле потребите за проповеди на новата вера и погребување на мртвите во гробници и светилишта. Кога царот Нерон започнал да ги прогонува христијаните, за молитва се среќавале во гробниците во тоа време секој граѓанин на гробиштата бил безбеден. Според римскиот закон, гробните места биле свети, па Римјаните ретко ги прогонувале христијаните во катакомбите.
Застрашувачка анимација која прикажува колку ја имаме прокопано Земјата (видео)
Кон средината на 3. цек кога во катакобмите повеќе не се чувствувале безбедни, луѓето ги заѕидале постоечките влезови и направиле нови, тајни. Подземните ходници се долги со километри, дури се вели дека катакомбите биле подолги од целиот Апенински полуостров кога ходниците би се пружале праволиниски.
Во време на царот Константин се завршува прогонот на христијаните и катакомите започнуваат да ги посетуваат илјадници луѓе. Во 5. век влезовите во катакомбите се затрупуваат за да се заштитат од Готите кои во тоа време го освоиле и опустошиле Рим.
По 8. век катакомбите престанале да се користат и се заборавени до нивното случајно откривање во 1578 година и системски се истражуваат дури од 19. век.