Властите во Рим им забраниа на туристите од сите земји да одат полуголи низ улиците. Мажите нема да може да шетаат без маица во италијанската престолнина, односно жените нема да смеат да носат прекратки провокативни маици кои им ги прекриваат само градите, додека стомакот е откриен. Исто така, сите ќе мора да носат и обувки, пишува „Индепендент“.
На тој начин во Италија се борат со, како што велат, лошото и немилосрдно однесување на туристите, а на многубројните лоши навики на странците се жалат за локалното население.
Италија со закон забранува работа на трговски центри во недела
Освен тоа, забрането е користење „љубовни катанци“ на мостовите во Рим, пливање во градските фонтани, како и консумирање брза храна на јавни места, скали и покрај споменици.
Од туристите, меѓутоа се бара да не влегуваат во каналите и да немаат излети на места кои не се предвидени за тоа.
Забрането е предолго задржување на мостовите, возење велосипед, стоење или лежење на клупи, како и џогирање и занимавање со спот на непрописен начин и непропишани места.
– Старит еправила се изменети за да бидат во рамките со однесување на современото општество, изјавил Марко Кардилиј, заменик шеф на Одборот за безбедност во Собранието на Рим.
Римскиот таен подземен град крие мрачни куќи, гробишта и патишта (фото+видео)
Се додава дека за прекршување на забраните се изрекува парична казна до 400 евра.